1 По тие настани Бог го стави на проверка Авраама. Го повика: „Аврааме!” Тој одговори: „Еве ме!”
2 Бог продолжи: „Земи го својот син, својот единец Исак, кого го љубиш, и отиди во месноста Морија и принеси го таму како жртва паленица, на ридот што ќе ти го покажам.”
3 Утрото Авраам стана рано, му стави самар на ослето и ги поведе со себе, двајцата свои слуги и сина си Исака, откако пред тоа нацепи дрва за жртва паленица, и се запати кон местото што Бог му го означи.
4 На третиот ден Авраам ги подигна очите и го виде местото оддалеку.