Битие (1 Moj.) 22:13-19 MKB

13 Ги подигна Авраам очите и виде, и ете, зад него овен сплеткан со роговите во грмушка. Авраам отиде, го зеде овенот и го принесе во жртва сèпаленица место сина си.

14 Авраам му даде име на тоа место Јахве-Ире (Господ Промислува). Затоа се вели денес: „На Гората На Господовото Промислување.”

15 Господовиот ангел го повика Авраама, од небото, по вторпат

16 и рече: „Се заколнувам Сам со Себеси, Господ вели: бидејќи го направи тоа и не го задржа од Мене својот син единец,

17 ќе го излеам Својот благослов на тебе и ќе го направам твоето потомство многубројно, како ѕвезди на небото и песок на морскиот брег! А твоите потомци ќе ги освојуваат вратите на своите непријатели.

18 Бидејќи ја послуша Мојата заповед, сите народи на земјата ќе бидат благословени преку твоето потомство.”

19 Потоа Авраам се врати при своите слуги и заедно се запатија кон Вирсавеа. Авраам се насели во Вирсавеа.