3 Утрото Авраам стана рано, му стави самар на ослето и ги поведе со себе, двајцата свои слуги и сина си Исака, откако пред тоа нацепи дрва за жртва паленица, и се запати кон местото што Бог му го означи.
4 На третиот ден Авраам ги подигна очите и го виде местото оддалеку.
5 Тогаш Авраам им рече на слугите: „Вие останете тука покрај ослето, а јас и детето ќе одиме горе да се поклониме, па ќе се вратиме при вас.”
6 Авраам ги зеде дрвата за жртвата паленица, ги натовари на сина си Исака, а во својата рака зеде оган за потпалување и нож. Така тргнаа двајцата заедно.
7 Тогаш Исак му рече на татка си Авраама: „Татко!” „Еве ме, сине!” се јави тој. „Еве огнот и дрвата - пак рече синот - но каде е јагнето за жртвата паленица?”
8 „Бог Самиот ќе си предвиди за јагнето за жртвата паленица, сине мој!” одговори Авраам. И го продолжија патот.
9 Стигнаа до местото за кое зборуваше Бог. Тогаш Авраам подигна жртвеник, ги нареди дрвата, го врза својот син Исака и го положи над цепениците на жртвеникот.