Битие (1 Moj.) 23:10-16 MKB

10 А Ефрон седеше меѓу Хетевите синови. Потоа Ефрон, Хетеец, му одговори на Авраама, за да чујат Хетевите синови со свои уши - сите што седеа во советот на оној град:

11 „Не, мој господару! Послушај ме! Јас ти ја давам нивата и пештерата што е во неа; ти го подарувам тоа пред сите синови на својот народ. Погреби ја својата покојница.”

12 Авраам им се поклони длабоко на месните жители,

13 а тогаш му проговори на Ефрона, за да чујат месните жители со свои уши: „Ако сакаш, те молам, послушај ме! Ќе ти ја платам вредноста на нивата; прими ја од мене; за да можам да ја погребам таму својата покојница!”

14 Ефрон му одговори на Авраама:

15 „Чуј ме, мој господару: земја во вредност од четири стотини сребреници, што е тоа за тебе и за мене! И така, погреби ја својата покојница!”

16 Авраам се согласи со Ефрона, му исплати онолку, колку што спомна, така што можеа да чујат со свои уши Хетевите синови - четири стотини сребреници, според трговската мера.