Битие (1 Moj.) 23:13-19 MKB

13 а тогаш му проговори на Ефрона, за да чујат месните жители со свои уши: „Ако сакаш, те молам, послушај ме! Ќе ти ја платам вредноста на нивата; прими ја од мене; за да можам да ја погребам таму својата покојница!”

14 Ефрон му одговори на Авраама:

15 „Чуј ме, мој господару: земја во вредност од четири стотини сребреници, што е тоа за тебе и за мене! И така, погреби ја својата покојница!”

16 Авраам се согласи со Ефрона, му исплати онолку, колку што спомна, така што можеа да чујат со свои уши Хетевите синови - четири стотини сребреници, според трговската мера.

17 И така Ефроновата нива во Махпела, спроти Мамвриј - нивата, пештерата и сите дрва што беа во нивата -

18 преминаа во сопственост на Авраама, на очиглед на Хетевите синови, на сите кои седеа во советот на својот град.

19 А тогаш Авраам ја погреба својата жена Сбра во пештерата на нивата Махпела, спроти Мамвриј, а тоа е Хеврон, во Ханаанската Земја.