Битие (1 Moj.) 23:3-9 MKB

3 Потоа Авраам се крена од пред својата покојница и им прозбори на Хетевите синови:

4 „Иако сум јас населен странец меѓу вас, продајте ми земја за гроб среде вас, така да можам да ја изнесам својата покојница и да ја погребам.”

5 А Хетевите синови му одговорија на Авраама и му кажаа:

6 „Послушај нè, господару! Ти си Божји избраник во наша средина. Погреби ја својата покојница во нашиот најдобар гроб. Никој од нас нема да ти го откаже својот гроб, за да можеш да ја погребеш својата покојница.”

7 Тогаш Авраам стана и длабоко им се поклони на месните жители, на Хетевите синови

8 и им рече: „Ако се согласувате со мене да ја отстранам својата покојница и да ја погребам, чујте ме: заземете се за мене пред Саровиот син Ефрон,

9 за да ми ја продаде пештерата Махпела, што му припаѓа нему, а се наоѓа на крајот на неговата нива; нека ми ја продаде, по полна цена, во ваше присуство, во сопственост за погребение.”