Битие (1 Moj.) 24:1-7 MKB

1 Авраам беше остарен, навлезен во години. Господ го благослови Авраама во сè.

2 Авраам му рече на својот најстар слуга во куќата, кој управуваше со сè што беше негово: „Стави ја својата рака под моето бедро,

3 да те заколнам во Господа, во Бога на небото и Бога на земјата, дека нема да земеш за мојот син за жена ниедна од ќерките на Хананците, меѓу кои живеам,

4 туку ќе отидеш во мојот роден крај и ќе му земеш жена на мојот син Исак.

5 А слугата му рече: „А што, ако жената не сака да дојде со мене во оваа земја? Треба ли тогаш да го одведам твојот син во земјата откаде си дошол?”

6 Авраам му одговори: „Внимавај добро да не го вратиш таму мојот син!

7 Господ, Бог на небесата, Кој ме изведе од куќата на мојот татко и од мојот роден крај и Кој ми вети под заклетва: ‘На твоето потомство ќе му ја дадам оваа земја,’ ќе го испрати Својот ангел пред тебе, и оттаму ќе му доведеш жена на мојот син.