14 и нека девицата на која и речам: ‘Те молам, спушти ја твојата врчва да се напијам,’ а таа ми одговори: ‘Пиј! Ќе ти ги напојам и камилите,’ - биде онаа, што си ја одредил за својот слуга Исак. Така ќе разберам дека си покажал милост кон мојот господар.”
15 Штом го дорече тоа, ете! дојде Ревека, ќерка Ватуилова. Тој Ватуил и беше син на Мелха, Авраамова снаа од братот Нахор. Дојде со врчва на рамо.
16 Девојката беше прекрасна, девица која маж не ја допрел. Таа слезе при кладенецот, ја наполни врчвата, и ете ја пак горе.
17 Слугата и се затрча во пресрет и и рече: „Дај ми малку вода од твојата врчва!”
18 „Пиј, господине!” - одговори таа. Брзо ја спушти врчвата на рака и му даде да пие.
19 Откако го напи него, рече: „Ќе им налеам и на твоите камили, за да се напијат.”
20 Откако ја излеа бргу врчвата во поилото, отрча назад до кладенецот за да црпи повторно, и така им налеа на сите негови камили.