17 Слугата и се затрча во пресрет и и рече: „Дај ми малку вода од твојата врчва!”
18 „Пиј, господине!” - одговори таа. Брзо ја спушти врчвата на рака и му даде да пие.
19 Откако го напи него, рече: „Ќе им налеам и на твоите камили, за да се напијат.”
20 Откако ја излеа бргу врчвата во поилото, отрча назад до кладенецот за да црпи повторно, и така им налеа на сите негови камили.
21 Човекот ја набљудуваше со молчење, не би ли сознал дали Господ го приведе успешно кон крај неговиот пат или не.
22 Кога камилите прекратија да пијат, човекот извади златна обетка, тешка половина сикал, и и ја стави на нејзините носалки, а на рацете и стави златни гривни, тешки десет сикли.
23 Потоа рече: „Чија ќерка си? Дали има во куќата на татка ти место за нас, да преноќеваме?”