23 Потоа рече: „Чија ќерка си? Дали има во куќата на татка ти место за нас, да преноќеваме?”
24 Таа му одговори: „Јас сум ќерка на Ватуил, кого Мелха му го роди на Нахора.”
25 Уште рече: „Има кај нас слама и храна во изобилство, а и место за ноќевање.”
26 Човекот тогаш се поклони длабоко, па му искажа почит на Господа,
27 и проговори: „Благословен да биде Господ, Бог на мојот господар Авраам, што не го лиши мојот господар од Својата љубов и од Својата верност. Господ ме водеше мене по прав пат, во куќата на братот на мојот господар.”
28 Девојката отрча и го раскажа сè тоа во куќата на мајка си.
29 А Ревека имаше брат, чие име беше Лаван. Лаван побрза надвор, кон човекот при кладенецот.