Битие (1 Moj.) 24:30-36 MKB

30 Штом ги виде носната обетка и гривните на рацете на својата сестра и чу како неговата сестра Ревека рече: „Вака ми зборуваше човекот,” тој тргна кон оној, што уште стоеше до камилите на изворот.

31 Тој рече: „Влези внатре, благословен од Господа! Зошто стоиш надвор? Кога јас ја подготвив куќата и место за камилите.”

32 Така човекот влезе во куќата. Ги растоварија камилите и им дадоа слама и храна; а нему и на луѓето, што го придружуваа, им донесоа вода, за да си ги измијат нозете.

33 Но кога ставија храна пред него, рече: „Нема да јадам додека не кажам што има да кажам.” А Лаван му рече: „Тогаш кажувај!”

34 „Јас сум Авраамов слуга - почна тој. -

35 Господ го благослови мојот господар премногу, па стана богат. Му даде овци и говеда, сребро и злато, слуги и слугинки, камили и ослиња.

36 Сбра, жената на мојот господар, му роди син откако остаре, и му отстапи сè свое.