32 Така човекот влезе во куќата. Ги растоварија камилите и им дадоа слама и храна; а нему и на луѓето, што го придружуваа, им донесоа вода, за да си ги измијат нозете.
33 Но кога ставија храна пред него, рече: „Нема да јадам додека не кажам што има да кажам.” А Лаван му рече: „Тогаш кажувај!”
34 „Јас сум Авраамов слуга - почна тој. -
35 Господ го благослови мојот господар премногу, па стана богат. Му даде овци и говеда, сребро и злато, слуги и слугинки, камили и ослиња.
36 Сбра, жената на мојот господар, му роди син откако остаре, и му отстапи сè свое.
37 Потоа мојот господар ме заколна мене, велејќи: ‘Не земај за мојот син девојка Ханаанка за жена, во земјата во која живеам како туѓинец,
38 туку отиди во домот на мојот татко, при мојот род, за да најдеш жена за мојот син.’