Битие (1 Moj.) 24:37-43 MKB

37 Потоа мојот господар ме заколна мене, велејќи: ‘Не земај за мојот син девојка Ханаанка за жена, во земјата во која живеам како туѓинец,

38 туку отиди во домот на мојот татко, при мојот род, за да најдеш жена за мојот син.’

39 А јас му реков на својот господар: ‘А што, ако жената не сака да тргне по мене?’

40 Тој ми одговори: ‘Господ, пред чие лице одев, ќе го испрати Својот ангел со тебе, и твоето патување ќе го доведе до целта, и ти ќе најдеш жена за мојот син од мојот род, од семејството на татка ми.

41 Единствено вака ќе бидеш ослободен од мојата заклетва: ако дојдеш при моите роднини, а тие те одбијат, слободен си од мојата заклетва.’

42 Денес пристигнав до изворот и реков: ‘Господи, Боже на мојот господар Авраам, ако си волен да го завршам успешно патувањето што го презедов,

43 јас, ете, ќе стојам крај кладенецот, а девојката која ќе дојде да налее вода и јас и речам: „Дај ми да се напијам малку вода од твојата врчва!” -