Битие (1 Moj.) 24:38-44 MKB

38 туку отиди во домот на мојот татко, при мојот род, за да најдеш жена за мојот син.’

39 А јас му реков на својот господар: ‘А што, ако жената не сака да тргне по мене?’

40 Тој ми одговори: ‘Господ, пред чие лице одев, ќе го испрати Својот ангел со тебе, и твоето патување ќе го доведе до целта, и ти ќе најдеш жена за мојот син од мојот род, од семејството на татка ми.

41 Единствено вака ќе бидеш ослободен од мојата заклетва: ако дојдеш при моите роднини, а тие те одбијат, слободен си од мојата заклетва.’

42 Денес пристигнав до изворот и реков: ‘Господи, Боже на мојот господар Авраам, ако си волен да го завршам успешно патувањето што го презедов,

43 јас, ете, ќе стојам крај кладенецот, а девојката која ќе дојде да налее вода и јас и речам: „Дај ми да се напијам малку вода од твојата врчва!” -

44 и која ќе ми рече: „Пиј ти, а ќе им нацрпам и на твоите камили!” таа нека биде жената, која Господ ја одреди за синот на мојот господар.’