Битие (1 Moj.) 24:41-47 MKB

41 Единствено вака ќе бидеш ослободен од мојата заклетва: ако дојдеш при моите роднини, а тие те одбијат, слободен си од мојата заклетва.’

42 Денес пристигнав до изворот и реков: ‘Господи, Боже на мојот господар Авраам, ако си волен да го завршам успешно патувањето што го презедов,

43 јас, ете, ќе стојам крај кладенецот, а девојката која ќе дојде да налее вода и јас и речам: „Дај ми да се напијам малку вода од твојата врчва!” -

44 и која ќе ми рече: „Пиј ти, а ќе им нацрпам и на твоите камили!” таа нека биде жената, која Господ ја одреди за синот на мојот господар.’

45 Штом го свршив зборувањето во себе, кога - ете - се појави Ревека со врчва на рамото; слезе до изворот и нацрпи. Јас и реков: ‘Дај ми да се напијам!’

46 Таа бргу ја спушти врчвата и одговори: ‘Пиј! А ќе ги напојам и твоите камили.’ Така се напив јас, а таа ги напои и моите камили.

47 Ја прашав: ‘Чија ќерка си?’ Ми одговори: ‘Ќерка сум на Ватуил, кого Мелха му го роди на Нахора.’ Тогаш и ја ставив обетката на нос, а гривните на раце.