Битие (1 Moj.) 24:46-52 MKB

46 Таа бргу ја спушти врчвата и одговори: ‘Пиј! А ќе ги напојам и твоите камили.’ Така се напив јас, а таа ги напои и моите камили.

47 Ја прашав: ‘Чија ќерка си?’ Ми одговори: ‘Ќерка сум на Ватуил, кого Мелха му го роди на Нахора.’ Тогаш и ја ставив обетката на нос, а гривните на раце.

48 Се поклонив длабоко и Му искажав почитување на Господа, па Го благословив Бога, Бога на мојот господар, Кој ме водеше по прав пат, за да ја земам ќерката на братот на мојот господар за неговиот син.

49 А сега, ако сакате да искажете љубов и верност кон мојот господар, речете ми; ако ли не, кажете ми го тоа, така да можам да тргнам или надесно или налево.”

50 Тогаш, Лаван и Ватуил одговорија: „Тоа доаѓа од Господа; ние тука не можеме да речеме ни лошо ни добро.

51 Ете, Ревека е пред тебе: земи ја и оди си, нека му биде жена на синот на твојот господар, како што рекол Господ.”

52 Кога Авраамовиот слуга ја чу нивната согласност, Му се поклони на Господа до земја.