Битие (1 Moj.) 24:48-54 MKB

48 Се поклонив длабоко и Му искажав почитување на Господа, па Го благословив Бога, Бога на мојот господар, Кој ме водеше по прав пат, за да ја земам ќерката на братот на мојот господар за неговиот син.

49 А сега, ако сакате да искажете љубов и верност кон мојот господар, речете ми; ако ли не, кажете ми го тоа, така да можам да тргнам или надесно или налево.”

50 Тогаш, Лаван и Ватуил одговорија: „Тоа доаѓа од Господа; ние тука не можеме да речеме ни лошо ни добро.

51 Ете, Ревека е пред тебе: земи ја и оди си, нека му биде жена на синот на твојот господар, како што рекол Господ.”

52 Кога Авраамовиот слуга ја чу нивната согласност, Му се поклони на Господа до земја.

53 Потоа слугата извади сребрени и златни предмети, и облеки, и и ги даде на Ревека, а им даде дарови и на нејзиниот брат и на мајката.

54 Тогаш јадеа и пиеја тој и луѓето кои беа со него, и ја поминаа ноќта. Кога станаа утрото, тој рече: „Пуштете ме да се вратам при својот господар!”