Битие (1 Moj.) 24:49-55 MKB

49 А сега, ако сакате да искажете љубов и верност кон мојот господар, речете ми; ако ли не, кажете ми го тоа, така да можам да тргнам или надесно или налево.”

50 Тогаш, Лаван и Ватуил одговорија: „Тоа доаѓа од Господа; ние тука не можеме да речеме ни лошо ни добро.

51 Ете, Ревека е пред тебе: земи ја и оди си, нека му биде жена на синот на твојот господар, како што рекол Господ.”

52 Кога Авраамовиот слуга ја чу нивната согласност, Му се поклони на Господа до земја.

53 Потоа слугата извади сребрени и златни предмети, и облеки, и и ги даде на Ревека, а им даде дарови и на нејзиниот брат и на мајката.

54 Тогаш јадеа и пиеја тој и луѓето кои беа со него, и ја поминаа ноќта. Кога станаа утрото, тој рече: „Пуштете ме да се вратам при својот господар!”

55 А нејзиниот брат и мајка и одговорија: „Девојката нека остане со нас уште десет дни, па потоа тргни!”