52 Кога Авраамовиот слуга ја чу нивната согласност, Му се поклони на Господа до земја.
53 Потоа слугата извади сребрени и златни предмети, и облеки, и и ги даде на Ревека, а им даде дарови и на нејзиниот брат и на мајката.
54 Тогаш јадеа и пиеја тој и луѓето кои беа со него, и ја поминаа ноќта. Кога станаа утрото, тој рече: „Пуштете ме да се вратам при својот господар!”
55 А нејзиниот брат и мајка и одговорија: „Девојката нека остане со нас уште десет дни, па потоа тргни!”
56 Тој им рече: „Не задржувајте ме, кога Господ го приведе успешно моето патување. Пуштете ме да се вратам при својот господар!”
57 Тие одговорија: „Да ја повикаме девојката и да ја прашаме што мисли таа!”
58 Ја повикаа Ревека и ја прашаа: „Сакаш ли да тргнеш со овој човек?” Таа одговори: „Сакам.”