59 И така ги испратија својата сестра и нејзината доилка, со Авраамовиот слуга и со неговите луѓе.
60 Ја благословија Ревека и и рекоа: „Сестро наша, биди им мајка На неброени илјади; А твоите потомци Да ги заземаат вратите на своите непријатели!”
61 Тогаш Ревека и нејзините прислужнички станаа, ги јавнаа камилите и тргнаа со човекот. Така човекот ја зеде Ревека и замина.
62 Исак се врати од близината на Вир-Лахај-Рои; имено живееше во крајот Негев.
63 Во предвечерје, Исак излезе да се прошета по полето; ги подигна очите и ги виде камилите, како доаѓаат.
64 Кога Ревека, подигнувајќи ги своите очи, го виде Исака, слезе од камилата
65 и го праша слугата: „Кој е оној човек, кој ни иде во пресрет по полето?” А слугата одговори: „Тој е мојот господар.” И таа го зеде превезот и се покри.