62 Исак се врати од близината на Вир-Лахај-Рои; имено живееше во крајот Негев.
63 Во предвечерје, Исак излезе да се прошета по полето; ги подигна очите и ги виде камилите, како доаѓаат.
64 Кога Ревека, подигнувајќи ги своите очи, го виде Исака, слезе од камилата
65 и го праша слугата: „Кој е оној човек, кој ни иде во пресрет по полето?” А слугата одговори: „Тој е мојот господар.” И таа го зеде превезот и се покри.
66 Слугата му раскажа на Исака сè што извршил.
67 Тогаш Исак ја воведе Ревека во шаторот на својата мајка Сбра и ја зеде за своја жена. Во љубовта кон неа Исак најде утеха по смртта на мајка си.