Битие (1 Moj.) 24:8-14 MKB

8 А ако жената не сака да тргне со тебе, ти ќе бидеш слободен од мојава заклетва; но мојот син не води го таму!”

9 Така слугата ја стави својата рака под бедрото на својот господар Авраам и му се заколна.

10 Слугата подготви десет господареви камили, зеде со себе секакви блага, и се запати за Месопотамија, во Нахоровиот град.

11 Ги остави камилите да клекнат надвор од градот, покрај кладенец. Беше вечер, кога жени излегуваат да налеат вода.

12 Тогаш рече: „О, Господи, Боже на мојот господар Авраам, Те молам, излези ми денес во пресрет и искажи му милост на мојот господар Авраам!

13 Еве ме крај кладенец, а ќерките на оние од градот доаѓаат да нацрпат вода;

14 и нека девицата на која и речам: ‘Те молам, спушти ја твојата врчва да се напијам,’ а таа ми одговори: ‘Пиј! Ќе ти ги напојам и камилите,’ - биде онаа, што си ја одредил за својот слуга Исак. Така ќе разберам дека си покажал милост кон мојот господар.”