1 Исак остаре, му гаснеше очниот вид. Затоа го повика својот повозрасен син Исав и му рече: „Сине!” Тој му одговори: „Еве ме!”
2 А тој продолжи: „Гледаш, остарев, а не го знам денот на својата смрт.
3 Затоа земи ја својата спрема, тулот и лакот, па оди во пустината и налови ми дивеч.
4 Тогаш зготви ми вкусно јадење, какво што сакам, па донеси ми да јадам и да можам да те благословам пред да умрам.”