10 Тогаш ти ќе му однесеш на татка ти да јаде, за да може да те благослови тебе, пред да умре.”
11 Но Јаков и одговори на својата мајка Ревека: „Мојот брат Исав е влакнест, а јас сум без влакна!
12 Можеби татко ми ќе ме допре, и ќе излезам измамник во неговите очи, па ќе навлечам врз себе проклетство, а не благослов.”
13 Ама мајка му му одговори: „Сине мој, твоето проклетство нека падне врз мене! Само ти послушај ме, оди и донеси!”
14 Тој отиде, најде и и донесе на мајка си, а мајка му зготви вкусно јадење, какво што сакаше татко му.
15 Потоа Ревека ја зеде најубавата облека на својот повозрасен син Исав, што ја имаше во куќата, и го облече во неа својот помлад син Јаков.
16 Му ги завитка рацете и голиот дел на вратот со кожа од јариња.