16 Му ги завитка рацете и голиот дел на вратот со кожа од јариња.
17 Потоа му ги даде во рацете на Јакова: јадењето и лебот, што ги имаше приготвено.
18 Тој отиде при татка си и рече: „Татко!” Тој одговори: „Еве ме. Кој мој син си ти?”
19 А Јаков му одговори на татка си: „Јас сум Исав, твојот првороденец; направив како што ми рече. Сега стани, седни па јади од мојот лов, за да можеш тогаш да ме благословиш.”
20 Исак го праша својот син: „Како успеа толку бргу, сине мој?” Тој одговори: „Бидејќи Господ, твојот Бог, ми беше милостив.”
21 Потоа Исак му рече на Јаков: „Приближи се, сине мој, да те опипам дали си ти навистина мојот син Исав или не си.”
22 Јаков се доближи до татка си Исака, кој го опипа и рече: „Гласот е Јаковов, но рацете се Исавови.”