Битие (1 Moj.) 27:19-25 MKB

19 А Јаков му одговори на татка си: „Јас сум Исав, твојот првороденец; направив како што ми рече. Сега стани, седни па јади од мојот лов, за да можеш тогаш да ме благословиш.”

20 Исак го праша својот син: „Како успеа толку бргу, сине мој?” Тој одговори: „Бидејќи Господ, твојот Бог, ми беше милостив.”

21 Потоа Исак му рече на Јаков: „Приближи се, сине мој, да те опипам дали си ти навистина мојот син Исав или не си.”

22 Јаков се доближи до татка си Исака, кој го опипа и рече: „Гласот е Јаковов, но рацете се Исавови.”

23 Не го препозна, зашто рацете му беа влакнести, како и рацете на брата му Исава. Кога сакаше да го благослови,

24 го праша уште еднаш: „Ти ли си навистина мојот син Исав?” Тој одговори: „Јас сум.”

25 Потоа Исак рече: „Стави пред мене, да јадам од ловот на мојот син, па да те благослови мојата душа.” Јаков го послужи, и јадеше. Потоа му донесе вино, и пиеше.