Битие (1 Moj.) 27:27-33 MKB

27 Кога се доближи и го пољуби, Исак го почувствува мирисот на неговата облека и го благослови: „Ете! Мирисот на сина ми сличен е на мирисот на полето, што Господ го благослови.

28 Бог нека ти даде роса од небото и плодност на земјата: изобилство на жито и вино.

29 Народите да ти служат, племињата да ти се поклонуваат! Да господариш над своите браќа, синовите на мајка ти нека се поклонуваат пред тебе! Проклет да биде кој те проколнува; благословен - кој те благословува!”

30 Тукушто Јаков се оддалечи од татка си Исака - откако Исак го благослови Јакова - неговиот брат Исав дојде од лов.

31 И тој зготви вкусно јадење и му го донесе на татка си. И му рече на својот татко: „Стани, татко мој, и јади од ловот на сина си, за да можеш да ме благословиш тогаш!”

32 А неговиот татко Исак праша: „Кој си ти?” Тој одговори: „Јас сум твојот првороденец Исав!”

33 Исак се исплаши многу: „А кој беше тогаш оној, што налови дивеч и веќе ми донесе? Јадов пред да дојдеш ти; го благословив оној и благословен ќе остане.”