Битие (1 Moj.) 27:29-35 MKB

29 Народите да ти служат, племињата да ти се поклонуваат! Да господариш над своите браќа, синовите на мајка ти нека се поклонуваат пред тебе! Проклет да биде кој те проколнува; благословен - кој те благословува!”

30 Тукушто Јаков се оддалечи од татка си Исака - откако Исак го благослови Јакова - неговиот брат Исав дојде од лов.

31 И тој зготви вкусно јадење и му го донесе на татка си. И му рече на својот татко: „Стани, татко мој, и јади од ловот на сина си, за да можеш да ме благословиш тогаш!”

32 А неговиот татко Исак праша: „Кој си ти?” Тој одговори: „Јас сум твојот првороденец Исав!”

33 Исак се исплаши многу: „А кој беше тогаш оној, што налови дивеч и веќе ми донесе? Јадов пред да дојдеш ти; го благословив оној и благословен ќе остане.”

34 Штом Исав ги чу зборовите на татка си извика гласно и заплака горко, па му рече на татка си: „Благослови ме и мене, татко!”

35 А тој одговори; „Твојот брат дојде со измама и го однесе твојот благослов.”