3 Затоа земи ја својата спрема, тулот и лакот, па оди во пустината и налови ми дивеч.
4 Тогаш зготви ми вкусно јадење, какво што сакам, па донеси ми да јадам и да можам да те благословам пред да умрам.”
5 Ревека слушаше додека Исак му зборуваше на сина си Исава, и кога Исав отиде во полето да налови дивеч за татка си.
6 Ревека му рече на својот син Јаков: „Ете, чув како татко ти му зборуваше на твојот брат Исав:
7 „Донеси ми дивеч и зготви ми вкусно јадење да јадам, па да те благословам пред Господовото лице, пред да умрам.”
8 А сега, сине мој, послушај ме и направи како што ќе ти наредам.
9 Оди при стадото и донеси ми оттаму две убави јариња, а јас ќе му зготвам од нив на твојот татко вкусно јадење, какво што тој сака.