Битие (1 Moj.) 27:30-36 MKB

30 Тукушто Јаков се оддалечи од татка си Исака - откако Исак го благослови Јакова - неговиот брат Исав дојде од лов.

31 И тој зготви вкусно јадење и му го донесе на татка си. И му рече на својот татко: „Стани, татко мој, и јади од ловот на сина си, за да можеш да ме благословиш тогаш!”

32 А неговиот татко Исак праша: „Кој си ти?” Тој одговори: „Јас сум твојот првороденец Исав!”

33 Исак се исплаши многу: „А кој беше тогаш оној, што налови дивеч и веќе ми донесе? Јадов пред да дојдеш ти; го благословив оној и благословен ќе остане.”

34 Штом Исав ги чу зборовите на татка си извика гласно и заплака горко, па му рече на татка си: „Благослови ме и мене, татко!”

35 А тој одговори; „Твојот брат дојде со измама и го однесе твојот благослов.”

36 „Веројатно затоа што името му е Јаков, веќе двапати ме измами - рече Исав. - Ми го одзеде првородството, а сега, еве, ми го одзеде и благословот.” Тогаш прирече: „Зар не задржа за мене некаков благослов?”