Битие (1 Moj.) 27:34-40 MKB

34 Штом Исав ги чу зборовите на татка си извика гласно и заплака горко, па му рече на татка си: „Благослови ме и мене, татко!”

35 А тој одговори; „Твојот брат дојде со измама и го однесе твојот благослов.”

36 „Веројатно затоа што името му е Јаков, веќе двапати ме измами - рече Исав. - Ми го одзеде првородството, а сега, еве, ми го одзеде и благословот.” Тогаш прирече: „Зар не задржа за мене некаков благослов?”

37 Исак му одговори на Исава: „Веќе го поставив него за твој господар; нему му ги дадов сите негови браќа за слуги; го надарив со жито и вино. А што можам сега да сторам за тебе, сине мој?”

38 Исав му одговори на својот татко: „Зар ти, татко, располагаш само со еден благослов? Благослови ме и мене, татко мој!” Исав плачеше гласно.

39 Тогаш татко му Исак проговори и рече: „Твојот дом ќе биде далеку од плодната почва, Далеку од росата од небото.

40 Ќе живееш од својот меч, ќе му служиш на брата си. Но еднаш, кога ќе се побуниш, ќе го стресеш неговиот јарем од својот врат.”