Битие (1 Moj.) 27:40-46 MKB

40 Ќе живееш од својот меч, ќе му служиш на брата си. Но еднаш, кога ќе се побуниш, ќе го стресеш неговиот јарем од својот врат.”

41 Исав го замрази Јакова заради благословот, со кого неговиот татко го благослови, па си рече во себеси: „Штом ќе дојдат деновите на жалост по татка ми, ќе го убијам брата си Јакова.”

42 Кога и ги соопштија на Ревека тие зборови, што ги рекол нејзинио повозрасен син Исав, таа го повика помладиот си син Јаков и му рече: „Внимавај! Брат ти Исав има мисла да те убие.

43 Но ти, сине мој, послушај ме: веднаш бегај при брата ми Лавана во Харан.

44 Остани некое време кај него, додека бесот на брата ти тлее кон тебе;

45 додека помине гневот на брата ти и тој заборави што си му сторил. Тогаш јас ќе испратам по тебе и ќе те доведам оттаму. Зошто да ве изгубам двајцата во еден ден!”

46 Потоа Ревека му рече на Исака: „Ми здодеа мојот живот заради овие жени Хетејки. Ако и Јаков се ожени со некоја Хетејка, какви што се домородкиве, зошто ми е тогаш животот!”