1 Јаков го продолжи патувањето и дојде во Источната Земја.
2 Одеднаш забележа кладенец во полето. Три стада овци се одмараа околу него, зашто се напојуваа од кладенецот. Голем камен се наоѓаше врз кладенецот.
3 Единствено кога ќе се собереа сите сточари таму, можеа да го поместат каменот од отворот и да ги напојат овците, потоа пак го ставаа каменот на неговото место, врз отворот на кладенецот.
4 „Од каде сте, браќа мои?” ги праша Јаков. „Од Харан”, одговорија.