12 И Јаков и кажа на Рахила дека тој е внук од сестра на татка и, син Ревекин. Таа се растрча и му соопшти на татка си.
13 Кога Лаван ја чу веста за Јакова, за синот на својата сестра, му истрча во пресрет. Го прегрна и го пољуби, па го доведе во својот дом. Му раскажа на Лавана сè што му се случи.
14 А тогаш Лаван рече: „Навистина, ти си моја коска и мое месо!” И Јаков живееше кај него цел месец.
15 Лаван му рече: „Зар ќе ми служиш бесплатно, зашто си ми внук од сестра! Кажи ми колку ќе бараш за наем?”
16 А Лаван имаше две ќерки. На повозрасната името и беше Лија, а на помладата Рахила.
17 Лија имаше слаби очи, а Рахила беше складна и убава на лице.
18 Бидејќи Јаков се вљуби во Рахила, рече: „Ќе ти служам седум години за твојата помлада ќерка Рахила.”