Битие (1 Moj.) 29:2-8 MKB

2 Одеднаш забележа кладенец во полето. Три стада овци се одмараа околу него, зашто се напојуваа од кладенецот. Голем камен се наоѓаше врз кладенецот.

3 Единствено кога ќе се собереа сите сточари таму, можеа да го поместат каменот од отворот и да ги напојат овците, потоа пак го ставаа каменот на неговото место, врз отворот на кладенецот.

4 „Од каде сте, браќа мои?” ги праша Јаков. „Од Харан”, одговорија.

5 „Дали го познавате - ги праша натаму - Нахоровиот син Лаван?” „Го познаваме”, одговорија.

6 „Дали е здрав?”, пак ги праша. „Здрав е; и ете, доаѓа неговата ќерка Рахила со стадото”, одговорија.

7 „Уште е многу рано - продолжи тој - не е време за прибирање на добитокот. Зошто не го напојувате и не го отерате на пасење?”

8 „Не можеме додека не се соберат сите овчари - одговорија - да го отстранат каменот од отворот на кладенецот, така да можеме да ги напоиме овците.”