25 Кога бидна утро, а тоа, ете, Лија! Тогаш Јаков му рече на Лавана: „Зошто ми стори така! Зар не ти служев јас за Рахила? Зошто ме измами?”
26 Лаван одговори: „Во нашето место не е обичај помладата да се омажи пред повозрасната.
27 Заврши ја со неа свадбенава седмица, а тогаш ќе ти ја дадам и втората, за уште седум години служба при мене.” Јаков се согласи: ја сврши свадбената седмица.
28 Тогаш Лаван му ја даде и ќерка си Рахила за жена.
29 Лаван и ја даде својата слугинка Вала на ќерка си Рахила за слугинка.
30 Тогаш Јаков и пристапи на Рахила. Ја љубеше Рахила повеќе отколку Лија. И така му служеше на Лавана уште седум години.
31 Господ виде дека Лија не е љубена, па ја направи плодна, додека Рахила остана неротка.