6 „Дали е здрав?”, пак ги праша. „Здрав е; и ете, доаѓа неговата ќерка Рахила со стадото”, одговорија.
7 „Уште е многу рано - продолжи тој - не е време за прибирање на добитокот. Зошто не го напојувате и не го отерате на пасење?”
8 „Не можеме додека не се соберат сите овчари - одговорија - да го отстранат каменот од отворот на кладенецот, така да можеме да ги напоиме овците.”
9 Додека тој уште зборуваше со нив, дојде Рахила со овците на татка си. Имено, беше овчарка.
10 Кога Јаков ја здогледа Рахила, ќерката на Лавана, брат и на мајка му, со стадото на вујка му Лавана, Јаков се доближи и го измести каменот од отворот на кладенецот и го напои стадото на вујкото Лаван.
11 Потоа ја пољуби Рахила, а тогаш заплака.
12 И Јаков и кажа на Рахила дека тој е внук од сестра на татка и, син Ревекин. Таа се растрча и му соопшти на татка си.