1 Откако Рахила виде дека не му раѓа деца на Јакова, и завиде на својата сестра и му рече на Јакова; „Дај ми деца! Инаку ќе умрам!”
2 Јаков се налути на Рахила и рече: „Зар сум Бог, Кој ја лиши твојата утроба од плод?”
3 А таа одговори: „Еве ја мојата слугинка Вала: влези при неа, па нека роди на моите колена, па така и јас ќе добијам деца преку неа.”
4 И така, му ја даде за жена својата слугинка Вала, и Јаков и пристапи.