15 А Лија одговори: „Зар не ти е доста што ми го одзеде мажот, па уште сакаш да ги земеш од мене и мандрагорите на мојот син?” Рахила одговори: „Па добро, Јаков нека лежи со тебе ноќеска, во замена за мандрагорите на твојот син.”
16 Кога Јаков стигна од поле, приквечер, Лија му излезе во пресрет и му рече: „Ти треба да дојдеш при мене, зашто те зедов под наем за мандрагорите на мојот син.” Таа ноќ тој лежеше со неа.
17 Бог ја послуша Лија; таа зачна па му го роди на Јакова петтиот син.
18 Тогаш Лија рече: „Бог ми врати со награда, затоа му ја отстапив својата слугинка на мажа си.” Затоа на синот му даде име Исахар.
19 Лија зачна пак и му го роди на Јакова шестиот син.
20 Тогаш Лија рече: „Бог ме дарува со скапоцен дар; сега мојот маж ќе ми даде дарови: па му родив шест синови.” Затоа го нарече Завулон.
21 Потоа роди ќерка и и го даде името Дина.