17 Бог ја послуша Лија; таа зачна па му го роди на Јакова петтиот син.
18 Тогаш Лија рече: „Бог ми врати со награда, затоа му ја отстапив својата слугинка на мажа си.” Затоа на синот му даде име Исахар.
19 Лија зачна пак и му го роди на Јакова шестиот син.
20 Тогаш Лија рече: „Бог ме дарува со скапоцен дар; сега мојот маж ќе ми даде дарови: па му родив шест синови.” Затоа го нарече Завулон.
21 Потоа роди ќерка и и го даде името Дина.
22 А Господ се сети за Рахила: Бог ја послуша и ја отвори нејзината утроба.
23 Таа зачна и роди син, па рече: „Бог го отстрани мојот срам!”