Битие (1 Moj.) 30:26-32 MKB

26 Дај ми ги моите жени, за кои ти служев, и моите деца, за да можам да си одам: па добро знаеш како ти служев.”

27 А Лаван одговори: „Не си оди, ако си ми пријател. Знам дека Господ ме благословуваше заради тебе.”

28 И уште рече: „Одреди си плата, каква сакаш од мене, и ќе ти ја дадам.”

29 Тој му одговори: „Ти добро знаеш што значеше мојата служба за тебе и како му беше на твојот добиток при мене.

30 Тоа малку што го имаше пред моето доаѓање, се зголеми мошне многу, зашто каде и да поминував, Господ те благословуваше на моите чекори. А сега е време да поработам и за својот дом.”

31 Тој го праша: „Колку да ти платам?” Јаков одговори: „Не ми плаќај ништо! Пак ќе го пасам и ќе го чувам твоето стадо, ако ми го сториш ова:

32 Остави ме да поминам денес низ твоето стадо и да ја одделам од него секоја капчеста и шарена овца и секое црникаво од јагнињата и секоја капчеста и шарена од козите! Тоа нека ми биде плата!