33 А во иднина кога со своите очи ќе ја проверуваш мојата плата, мојата чесност ќе биде сведок за мене: ако се најде меѓу моите кози една што не ќе биде шарена или капчеста, или меѓу јагнињата што не ќе биде црникаво, нека се смета за крадено!”
34 Лаван рече: „Добро, нека биде како што кажа.”
35 Но во тој ден, Лаван ги оддели сите шарени и дамкасти јарци, и сите жолтоцрвеникави и шарени кози - секоја што имаше бело на себе и секое црникаво од јагнињата па им ги предаде на своите синови.
36 И оттаму, каде Јаков го пасеше остатокот на Лавановото стадо, се оддалечи на околу три дни одење.
37 А Јаков зеде млади зелени прачки од топола, леска и јавор; вреза во нив белини, меѓу оставена кора, така што се гледаше белото на прачките.
38 Така нашараните прачки ги стави во коритата, во поилата од кои пиеше добитокот. А бидејќи добитокот се спаруваше кога доаѓаше при водата,
39 јарците се расплодуваа покрај прачките, па затоа козите окозуваа дамкасти, капчести и шарени јариња.