Битие (1 Moj.) 30:36-42 MKB

36 И оттаму, каде Јаков го пасеше остатокот на Лавановото стадо, се оддалечи на околу три дни одење.

37 А Јаков зеде млади зелени прачки од топола, леска и јавор; вреза во нив белини, меѓу оставена кора, така што се гледаше белото на прачките.

38 Така нашараните прачки ги стави во коритата, во поилата од кои пиеше добитокот. А бидејќи добитокот се спаруваше кога доаѓаше при водата,

39 јарците се расплодуваа покрај прачките, па затоа козите окозуваа дамкасти, капчести и шарени јариња.

40 Така Јаков ги одделуваше и овците и им ги вртеше главите кон шарените или кон сосем црните, што беа во Лавановото стадо.

41 Освен тоа, кога и да се спаруваше добро порастениот добиток, Јаков ги ставаше прачките во коритата, токму пред очите на животните, така што се оплодуваа пред прачките.

42 Но не ги ставаше пред послабите. Така послабите му паѓаа на Лавана, а добро развиените на Јакова.