39 јарците се расплодуваа покрај прачките, па затоа козите окозуваа дамкасти, капчести и шарени јариња.
40 Така Јаков ги одделуваше и овците и им ги вртеше главите кон шарените или кон сосем црните, што беа во Лавановото стадо.
41 Освен тоа, кога и да се спаруваше добро порастениот добиток, Јаков ги ставаше прачките во коритата, токму пред очите на животните, така што се оплодуваа пред прачките.
42 Но не ги ставаше пред послабите. Така послабите му паѓаа на Лавана, а добро развиените на Јакова.
43 Така човекот се збогати сосем многу; придоби многу добиток, и слуги и слугинки, и камили и ослиња.