7 Рахилината слугинка Вала зачна пак и му роди на Јакова втор син.
8 Тогаш Рахила рече: „Жестоко се борев со сестрата, ама победив.” Затоа го нарече Нефталим.
9 А откако Лија виде дека прекрати да раѓа, ја зеде својата слугинка Зелфа, па му ја даде на Јакова за жена.
10 И Кога Лиината слугинка Зелфа му роди син на Јакова,
11 Лија воскликна: „Доаѓа среќа!” Затоа го нарече со името Гад.
12 Лиината слугинка Зелфа му роди на Јакова и втор син,
13 и Лија воскликна пак: „Блазе ми! Жените ќе ме викаат блажена!” Затоа го нарече со името Асир.