9 А откако Лија виде дека прекрати да раѓа, ја зеде својата слугинка Зелфа, па му ја даде на Јакова за жена.
10 И Кога Лиината слугинка Зелфа му роди син на Јакова,
11 Лија воскликна: „Доаѓа среќа!” Затоа го нарече со името Гад.
12 Лиината слугинка Зелфа му роди на Јакова и втор син,
13 и Лија воскликна пак: „Блазе ми! Жените ќе ме викаат блажена!” Затоа го нарече со името Асир.
14 Еден ден, во времето на пченичната жетва, Рувим најде мандрагори во полето, па и ги донесе на мајка си Лија. И Рахила и рече на Лија: „Дај ми од мандрагорите на сина си!”
15 А Лија одговори: „Зар не ти е доста што ми го одзеде мажот, па уште сакаш да ги земеш од мене и мандрагорите на мојот син?” Рахила одговори: „Па добро, Јаков нека лежи со тебе ноќеска, во замена за мандрагорите на твојот син.”