1 Тогаш Јаков научи дека Лавановите синови зборуваат: „Јаков му го одзеде целиот имот на татка ни; и го придоби сето она богатство од она што требаше да му припадне на нашиот татко.”
2 А Јаков забележа и на Лавановото лице дека тој не се држи кон него како порано.
3 Тогаш Господ му рече на Јакова: „Врати се во земјата на своите татковци, во својата родина, и Јас ќе бидам со тебе!”
4 Тогаш Јаков ги повика Рахила и Лија во полето, при своето стадо,
5 и им рече: „Јас гледам на лицето на вашиот татко дека тој не се држи кон мене како порано; ама со мене беше Бог на татка ми.
6 И самите знаете дека му служев на вашиот татко колку што можев;