13 Јас Сум Бог, Кој ти се јави во Ветил, каде со масло го помаза столбот и каде ми направи завет. Сега стани и оди си од оваа земја; врати се во својата родина!’”
14 Рахила и Лија му одговорија на тоа: „Зар уште имаме наследнички дел во својот татков дом?
15 Зар нашиот татко не нè сметаше туѓинки? Па тој нè продаде, а потоа го изеде среброто, што го доби за нас!
16 Сето тоа богатство што Бог му го одзеде на нашиот татко, навистина е наше и на нашите деца. Затоа направи сè како што ти рече Бог!”
17 Тогаш Јаков ги качи своите деца и своите жени на камилите;
18 пред себе го потера сиот свој добиток, сиот свој имот што го придобил, добитокот што го собрал во Падан Арам: тргна кон Ханаанската Земја, при татка си Исака.
19 Лаван веќе замина да ги стриже своите овци, па Рахила ги присвои домашните идоли, што му припаѓаа на нејзиниот татко.