2 А Јаков забележа и на Лавановото лице дека тој не се држи кон него како порано.
3 Тогаш Господ му рече на Јакова: „Врати се во земјата на своите татковци, во својата родина, и Јас ќе бидам со тебе!”
4 Тогаш Јаков ги повика Рахила и Лија во полето, при своето стадо,
5 и им рече: „Јас гледам на лицето на вашиот татко дека тој не се држи кон мене како порано; ама со мене беше Бог на татка ми.
6 И самите знаете дека му служев на вашиот татко колку што можев;
7 па сепак вашиот татко ме измачуваше мене, десетпати ми ја менуваше платата. Но Бог не остави да ми нанесе штета.
8 Ако тој речеше: ‘Секоја шарена нека ти биде плата, ‘тогаш целото стадо раѓаше шарени; ако пак речеше: ‘Капчестите нека ти бидат за плата,’ тогаш целото стадо раѓаше капчести.