Битие (1 Moj.) 31:41-47 MKB

41 Од овие дваесет години, што ги поминав во твојата куќа, четиринаесет години ти служев за твоите две ќерки, а шест години за твојот добиток, зашто ми ја менуваше заработувачката десетпати.

42 Ако со мене не беше Бог на мојот татко, Авраамовиот Бог, Исаковиот Страв, ќе ме испратеше со празни раце. Но Бог ги гледаше мојата неволја и трудот на моите раце, па сношти пресуди.”

43 Тогаш Лаван му одговори на Јакова: „Ќерките се мои ќерки; децата се мои деца; стадата се мои стада; сè што гледаш мое е. Но што можам, денес, да им сторам на своите ќерки и на децата, кои ги родиле?

44 Сега јас и ти да склучиме сојуз, за да биде сведоштво меѓу мене и тебе.”

45 Јаков зеде камен и го исправи како споменик,

46 а тогаш Јаков им рече на своите луѓе: „Соберете камења!” Така тие собраа камења и ги нафрлија на куп. Јадеа, таму, на купот.

47 Тогаш Лаван го нарече Јегар Сахадута (Брег на Сведоштво), а Јаков го нарече Галад.